| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Дурицкаја побара заштита, по убиството на Немцов и се заканувале непознати лица

Украинското државно обвинителство денес наредило да се организира заштита на Ана Дурицкаја, која е клучен сведок во убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов.

Во соопштението се наведува дека Дурицкаја побарала заштита од полицијата бидејќи добила закани од непознати лица на адресата на нејзините родители.

Истрагата во врска со овој случај е под директна контрола на канцеларијата на државното обвинителство.

Немцов е убиен на 27 февруари, неколку минути пред полноќ на мостот во центарот на Москва.Со него во тој момент била Дурицкаја.Таа дала изјава на руските истражни органи, а потоа е префрлена во Украина.Истрагата се води во неколку правци, вклучувајќи ја и можноста дека убиството било нарачано.

Немцов е погребан на 3ти март во Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top