На хрватското приморје, поради орканската и досега невидена бура, во прекин се повеќе траектни, бродски и катамарански линии, бројни патни правци се затворени, а зимските услови се прогласени за повторно присутни, соопштија од Хрватскиот автомотосојуз, објави „1.мк“.
Забранет е сообраќај за камиони со приколици и шлепери со полуприколици, додека за сите останати возила задолжителна е зимска опрема.За сите возила сеуште е затворена делницата на автопатот Ријека-Задар поеѓу Киковце и Делница, додека пак на одредени места сообраќајот се одвива без проблеми.
Во прекин е, меѓу останатото и меѓународната траектна линија Сплит-Анкона.
Временските неприлики вчера во Хрватска зад себе оставија голема материјална штета и десетина повредени луѓе.Ударите од бурата превртуваа автомобили, камиони, коонтејнери, кршеа дрвја и откорнуваа електрични столбови и антени.
Ветрот и во внатрешноста на Хрватска предизвика проблеми во сообраќајот, а 18-годишен мотоциклист во Велика Горица, кај Загреб го загуби својот живот поради силниот ветер и преголемата брзина, така што удрил во оградата на обиколницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.