| четврток, 6 декември 2018 |

„Фантазија за еден џентлмен“ на Македонската филхармонија и Горан Кривокапиќ

Goran_Krivokapic_9

На 21 март 2013 година, со почеток во 20:00 часот, во Домот на АРМ, Македонската филхармонија ќе се претстави со концертот насловен „Фантазија за еден џентлмен“ под диригентската палка на нашиот истакнат диригент Саша Николовски-Ѓумар, на кој како солист ќе настапи гитаристот Горан Кривокапиќ кој на големо задоволство на Македонската филхармонија во Скопје доаѓа како замена за Милош Карадаглиќ кој поради повреда го откажа гостувањето во Скопје.

Горан Кривокапиќ кој е еден од најуспешните гитаристи од помладата генерација, победник на бројни меѓународни натпревари и ексклузивец на дискографскта куќа „Наксос“  премиерно во Македонија ќе го изведе концертот за гитара и оркестар од Хоакин Родриго насловен „Фантазија за еден џентлмен“.

На концертот кој го одбележуваат три спектакуларни македонски премиери ќе прозвучат и прекрасната оркестарска свита „Шпанија“ од Исак Албениц оркестрирана од Рафаел Фрубек де Бургос, како и исклучително енергичниот и добро познат „Данцон“ бр. 2 од Артуро Маркез кој на македонскиот концертен подиум ќе ги донесе жешките латино ритми проткаени низ оркестарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top