Македонската филхармонија вечер во Домот на АРМ ќе одржи концерт насловен „Магичната Ана Дурловски“.
Оркестарот ќе биде под водство на познатиот бугарски диригент Емил Табаков, а како солист ќе настапи македонски сопран и добитник на највисоката оперска награда во Германија – „Фауст“, Ана Дурловски.
Со својот уникатен музички израз и спектакуларните можности на нејзиниот глас, Дурловски ќе го отпее Концертот за колоритен сопран и оркестар од Рајнхолд Глиер, единствен од таков вид во светската музичка литература.
На програмата се и балетската музика „Валпургиска ноќ“ од Шарл Гуно, увертира кон операта „Набуко“ од Џузепе Верид, како и симфониската поема „Вретеното на Омфал“ од Камиј Сен-Санс, која премиерно ќе биде изведена во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.