Џихадистите од Исламската држава го ограбија па со булдожери го разораа древниот асирски град Нимруд во северен Ирак, едно од највредните археолошки наоѓалишта во регионот и воопшто во светот, објавија во петокот локалните племиња и ирачката влада, додека Агенцијата на Обединетите нации за образование, наука и култура – УНЕСКО ги повика сите верски и политички челници во регионот да му стават крај на варварството на оваа екстремна групација којашто практикува свое радикално сфаќање на исламот.
Уништувањето на древниот град Нимруд следеше откако припадниците на Исламската држава објавија видео снимка како уништуваат скулптури стари повеќе до 2.600 години, палат илјадници книги и ги уништуваат светилиштата во Мосул.
Џихадистите од Исламската држава дојдоа во историскиот град Нимруд, ограбија сé што го сметаат за вредно, а потоа градот го срамнија со земјата. Целосно ги уништија историски вредните ѕидини, скулптурите и една палата“, изјави локален жител за Reuters.
Древниот асирски град Нимруд се наоѓа на реката Тигрис, 20 километри југоисточно од Мосул, а во Библијата се среќава под името Калах. Изграден е за време на владеењето на асирскиот крал Шалманесер, меѓу 1274 и 1245 година пред Христа и своевремено бил престолнина на новото асирска царство, во тој период најмоќната држава на светот.
Ирачкото министерство за туризам и старини смета дека исламистите на на овој начин ја предизвикуваат меѓународната заедница. -Терористичките банди продолжуваат да ја предизвикуваат меѓународната заедница и чувствата на човештвото, се наведува во соопштението на ирачкото министерство.
-Намерното уништување на културното наследство ве воено злосторство и сите политички и верски челници мора да станат против тоа варварство. Нема политичко ниту верско оправдување за културна оставина, изјави во петокот претседателката на УНЕСКО, Ирина Бокова, пренесе AFP.
Засега не се познати точните димензии на штетата на овој вреден археолошки локалитет, кој во 1950-те го истражуваше археологот Макс Молоувен задно со неговата сопруга, славната британска авторка на криминалистички романи Агата Кристи.
Според апсолутистичкото толкување на исламот, џихадистите тврдат дека скулптурите и кралските гробници се идоли и затоа мора да бидат уништени. Џихадистите пред разорувањето темелно го ограбиле локалитетот, а ирачките функционери и претходно истакнуваа дека џихадистите ги ограбуваат уметничките дела и антиквитетите и ги продаваат на нелегалниот пазар со што делумно ја финансираат својата војна. Археолозите нападот врз ирачкото културно наследство го споредија со талибанското уривање на џиновските Буди во Бамијан во 2001 година во Авганистан, меѓутоа проценуваат дека штетата во Ирак е многу поголема и позначителна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.