| четврток, 6 декември 2018 |

Собрание на Асоцијацијата на конзерватори-реставратори

mini crkvi1

Во киносалата на Музејот на Македонија денеска во 12 часот ќе се одржи првото собрание на Асоцијацијата на конзерватори-реставратори на Македонија. Асоцијацијата е формирана со залагање на Иницијативниот одбор сочинет од овластени конзерватори од Националниот конзерваторски центар и Музејот на Македонија: д-р Ангелина Поповска – советник конзерватор, Јани Антониев – советник конзерватор, Драган Верговски – советник конзерватор, Момчило Трајковски – виш конзерватор и м-р Лилјана Ковачевска – виш конзерватор.

Конзерваторите-реставратори за непосредна заштита се здружуваат во насока на унапредување во областа конзервација и реставрација на културното наследство во земјава, а вклучувањето во Асоцијацијата е со намера да ги обедини и лиценцираните конзерватори, магистрирани конзерватори, пензионери-конзерватори и активни учесници во реализацијата на конзервација и реставрација од областа на ликовните и применети техники. Асоцијацијата ќе работи на афирмација на конзервацијата во Македонија, на популаризација на културното наследство, на издигнување на професионалните стандарди на работа, на унапредување на дејноста и воспоставување соработка на национално и меѓународно ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top