| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбен турски државјанин во Скопје

Непознат сторител извршил тешка кражба ноќеска во стан на ул.„Васил Ѓоргов“ во Скопје во кој привремено живее Ј.Н.(32) од Турција.

Полицијата информира дека непознатиот сторител извршил тешка кражба влегувајќи преку балконот. Од мезанинот се прекачил на балконот од дневната соба од станот, насилно дејствувал на балконската врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел 300 евра, разновиден златен накит, неколку рачни часовници и парфеми, а потоа го напуштил местото на настанот. Со тешката кражба, сторителот се здобил со противправна имотна корист од околу 330.000 денари.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top