Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Џон Бонер и групата водечки демократи и републиканци го засилија притисокот врз претседателот на САД, Барак Обама да ја снабди Украина со смртоносно одбранбено оружје за нејзината борба против проруските сили.
Во вчерашното писмо испратено до Обама, 11 пратеници наведуваат дека акциите на Русија претставуваат повеќе од напад врз украинскиот суверенитет и „гротесkno кршење на меѓународните права, закана за Западот и напад на меѓународниот поредок, кој по голема цена е воспоставен по Втората светска војна“.
Тие посочуваат дека Договорот од Минск е во корист на Русите и проруските активисти.
– Ве повикуваме брзио да ги одобрите дополнителните напори со цел да се поддржи Украина да ја одбрани својата суверена територија, вклучително и трансфер на смртоносни дефанзивни оружани системи за украиската армија – се наведува во писмото до Обама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Америка во шок: Обама за малку избегна атентат со пакет-експлозив
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија



