Светот е во поголема опасност отколку на крајот на Втората светска војна. Невработеност и се заканува на европската благосостојба, а хаосот го голта Блискиот Исток, предупредува претседателот на РИТ Капитал Партнерс, Лорд Ротшилд.
Светскиот БДП разочара со нееднаквата стапка на раст во 2014 година по шест годинимонетарни стимуланси и неверојатно ниски каматни стапки. Во оценката за берзите вели дека вредноста е падната бидејќи државите се натпреварувале со генерирачкиот раст на штета на својата валута. Еврото и јуанот минатата година ослабеле повеќе од 12 отсто во однос на американскиот долар.
-Покрај турбулентната економска позадина соочени сме со геополитичка ситуација која можеби е и поопасна од било која друга која сме ја имале од Втората светска војна. Хаосот и екстремизмот на Блискиот Исток, ширењето на руската агресија и невработеноста во ослабената Европа се главно порадфи неспроведувањата на структурните реформи во многу земји членки на ЕУ“, вели 78 годишниот бизнисмен.
Сепак, Ротшилд верува дека вложувањето во акции и понатаму може да биде добра одлука на инвеститорите и покрај нултиот или пак негативниот принос на обврзниците.
Ротшилд е една од најголемите независни финансиски консултантски групи која вработува околу 2800 лиа во 40 држави во светот. РИТ Капитал Партнерс котира на Лондонската берза од 1988 година. Оттогаш оваа компанија ја удвоила својата нето вредоност на имотот, како и вредноста на акциите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.