Мал патнички авион „цесна“ и хеликоптер се судриле денеска над имотот Ајлсбери на баронот Јакоб Ротшилд. Британската полиција потврди дека неколку лица загинале во инцидентот, а медиумите објавија снимки од остатоци од леталата.
Авионот и хеликоптерот полетале од аеродромот Вајкомб, каде вообичаено се обучуваат пилоти почетници. Петнаесетина минути по полетувањето, околу пладне по локално време, „цесната“ и хеликоптерот удриле еден во друг и се урнале врз имотот на Ротшилд.
Се претпоставува дека во хеликоптерот имало пилот и еден патник, додека во авионот бил само пилотот.
Имотот Ајлсбери е резиденција на баронот Ротшилд, а во време на несреќата се одржувал божиќен панаѓур. Замокот изграден на имотот е познат како локација на која се снимале повеќе филмови и серии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Втората светска војна била „наместена“: за кого работел Хитлер ?
-
Ротшилд ќе им помага на Грците да го отпишат долгот
-
Ротшилд советува како да се заштитиме: Го живееме најголемиот монетарен експеримент на банките
-
Ротшилд: Светот е на раб на катастрофа, на Блискиот исток е хаос, Русија агресивна, ЕУ на колена!