| четврток, 6 декември 2018 |

Претседавачката на групата за пријателство со Македонија ќе се повлече од Конгресот на САД

кендис

Кендис Милер, членка на Конгресот од Мичиген, која претседава со групата за пријателство со Македонија во Конгресот, најави дека ќе се повлече од Конгресот на крајот на актуелниот мандат. Милер, кандидатка на Републиканската партија што застапува дел на Детроит каде што живее значителна македонска заедница, беше првпат избрана во Конгресот во 2002 година.

– Планирам да го завршам актуелниот мандат најдобро што можам, но при неговиот крај веќе ќе имам поминато 14 години во Вашингтон. Време ми е да се вратам дома – изјави Милер. Изборите се закажани за во ноември 2016 година.

Милер е единствената жена што претседава со комисија во Претставничкиот дом на Конгресот, со што е и дел од раководството на Републиканската партија. Од нејзината позиција како претседавачка со Административната комисија, и во работата во Конгресот, Милер беше постојана поддржувачка на Република Македонија. Во групата за пријателство, со која претседава Милер, членуваат 20-ина конгресмени што доаѓаат од изборни единици во кои има поголеми македонски заедници, или се поддржувачи на Македонија и на нејзиното членство во НАТО и во Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top