| четврток, 6 декември 2018 |

Бољшој театарот како јавна куќа- балерините ги терале да имаат секс со олигарси

Поранешната солистка во светски познатиот руски театар Бољшој, Анастазија Волочкова го обвини театарот дека ги принудува балерините да имаат секс со богаташите. Нејзиното тврдење го негира директорот на театарот Анатолиј Иксанов.

–       Тоа главно се случува со обичните балерини, но и со солистките. За жал, генералниот директор го претвори Бољшој во една голема јавна куќа, рекла Волочкова во радио програма.

Пред десет години кога играв во театарот, постојано добивав предлози да легнам во кревет со олигарски, рекла таа.

Волочкова тврди дека девојките биле принудувани да одат на гала вечери на кои им било укажувано дека од нив се очекува да имаат секс со некои од гостите.

Тие што ќе ги одбиеле понудите, добивале закани дека нема да одат на турнеи или дека нема воопшто да играат во театарот.

Балерината добила отказ во 2003 година поради тоа што била премногу дебела. Иксанов тогаш и рекол дека е превисока и тешка за машките партнери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top