| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца напаѓачи избоделе девет луѓе на железничка станица во Кина

пекинг

Најмалку двајца напаѓачи вооружени со ножеви денеска на железничка станица во Гуангжу, јужна Кина, повредија девет лица.

Полицијата пукала и го убила еден од осомничените, додека другиот е уапсен.

Истрагата сѐ уште е во тек и не се откриени мотивите за нападот.

Во сличен напад пред една година на железничка станица во Кунминг, јужна Кина, се убиени 29 лица. Кинеските власти за нападот ги обвинија сепаратистите од провинцијата Синџанг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top