Две победи на домашните екипи, рекордот и кошот за победа на Мур и импресивните 43 поени на Вестбрук ја обележаа програмата од два меча во НБА-лигата.
Драмата во Чикаго со победнички кош ја реши Мур со тројка за победа на Булс на 2,1 секунди пред крајот на мечот. Расел Вестбрук од Оклахома повторно ја префрли границата од 40 поени, запиша 43, но Оклахома загуби од Чикаго со 105-108.
Вестбрук на претходните 4 меча имаше трипл-дабл, а овојпат не успеа, иако ефектот од 43 поени, 8 скока и 7 асистенции е импресивен. Кај Чикаго, Никола Миротиќ го заврши мечот со 26 поени и осум скока, Гасол и Данливи постигнаа по 21 поен, а Мур забележи рекорд на кариерата со 19 поени.
Во Портланд, Трејлблејзерс лесно и убедливо го победија Далас со 94-75.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.