| четврток, 6 декември 2018 |

Турција ги забрани „Шарли ебдо“ и други 48 интернет страници

turcijaСуд во Анкара донесе одлука за блокирање на 49 интернет страници, меѓу кои и онаа на францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“, поради „навреда на верските вредности на граѓаните“.

Како што јавија турските медиуми, покрај сајтот на „Шарли ебдо, меѓу другите, целосно или делимно, се болкирани и интернет страниците на популарните форуми „Кисел речник“ и „Речник на бисери“ и на новинскиот портал Т24.

Судските забрани се изречени врз основа на кривичната пријава на турската Дирекција за телекомуникации, во која се наведува дека посочените интернет страници со своите невредливи содржини на „верските вредности можат да им наштетат на јавниот ред и мир“.

Според податоците на независниот веб сајт за мониторинг Енгели веб, во моментов во Турција се блокирани над 67.000 интернет страници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top