| четврток, 6 декември 2018 |

Верушевски со странците контактирал преку Скајп

orkestarЗоран Верушевски имал отворено Скајп профил на лажно име и со псевдоним Оркестар11.

orkИстрагата и признанието на петоосомичениотЃорѓи Лазаревски, главен техничар во УБК, покажале дека тие комуницирале преку интернет по Скајп.

Лазаревски имал отворено профил под името Кока Кола 10а. Во нивната комуникација терминот Чадор го користеле како шифра за Странска служба.

Станува збор за обемен материјал, над 300 страници и 6.000 пораки директно поврзани со незаконските дејствија. Пораките датираат од 2012 година, но не се исклучува можноста комуникацијата да се одвивала од поодамна.

-Бидете уверени оваа мака нема да дозволам да биде бадијала. Би било навистина жалосно да ја изгубиме оваа позиција која неверојатно добива во квалитет, вели „Оркестар 11“  во една од пораките.

-Стануваме потребни и да не бидам скромен претставуваме нешто што тешко може да се замисли, знаејќи го чадорот не верувам дека ќе останеме заборавени. Напротив имаме големи перспективи, додава „Оркестар 11“.

Според признанието на Лазаревски, Верушевски го врбувал прво него, а потоа и шестоосомниченит Звонко Костовски да шпионира.

 

Дел од скајп комуникацијата помеѓу првооосмничениот и петтосоомничениот во аферата „Пуч“ 

29.01.2014  во 23:09 часот

оркестар11: бидете уверени-оваа мака нема да дозволам да ни биде бадијала

оркестар11: би било навистина жалосно да да ја изгубиме оваа позиција која најверојатно добива во квалитет

31.01.2014 во 16:40 часот

оркестар11 : стануваме потребни

01.02.2014 во 09:15 часот

оркестар11:  и да не бидам скромен претставуваме нешто што тешко може да се замисли

01.02.2014 во 09.16 часот

оркестар11: знаејќи го чадорот не верувам дека ќе останеме заборавени

09:17 часот

оркестар11: напротив

09:18 часот

оркестар 11: имаме големи перспективи

03.02.2014 во 22:18 часот

оркестар11: ова ќе зоврие

22:19 часот

кока кола10а: можно е да излезе од контрола

оркестар11: навидум овој мир може да експлодира

кока кола10а: ние сме навикнати друг да страда ние сме благонадежни

08.04.2014 во 18:32 часот

оркестар11: ќе биде најверојатно граѓанска војна

18:33 часот

кока кола10а: ќе биде тешко = ама без нас ептен потешко

оркестар11: ајде те чекам деновиве со инфо

кока кола10а: не разбираш колку ми е тешко

оркестар11: да бе мене ми е полесно

02.10.2014 во 23:16 часот

кока кола 10а: знаеш потребно е да имаш поддршка

оркестар11: јас сакам да верувам во тоа, а за поддршка сега ја имаме

кока кола10а: и на што личеше тоа

оркестар11: до сега бевме десперадоси

кока кола10а: си му дал се на идиотот не ме припреми

23:17 часот

оркестар11: околностите беа неверојатни

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top