| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанката што сопругот ја претепа со метална цевка е приклучена на апарати за дишење

BOLNICA_371693S1

Скопјанката што сопругот ја претепал со метална цевка е приклучена на апарати. Таа е хоспитализирана на неврохирургија, се наоѓа во кома и лекарите велат дека има скршен череп, повреди на мозокот и е во многу тешка состојба.

Неофицијално, сопружниците кои имаат два деца се разведуваат. Против сопругот имало кривична за семејно насилство и пред три месеци.

Претходно, единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“ го приведе 50-годишниот скопјанец Д.Б. кој вчера ја претепа својата сопруга и потоа го напушти местото.

Повредената Е.Б. (46) вчера била донесена во Ургентен центар Скопје откако утрово околу 7 часот на ул. „Московска“ во скопската населба Тафталиџе била физички нападната од сопругот, кој со метална цевка ѝ нанел тешки телесни повреди  и го напуштил местото на настанот.

По преземени мерки, Д.Б. е приведен, а СВР Скопје поднесе кривична пријава за него поради основано сомнение дека сторил кривично дело убиство во обид.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top