Почнаа градежните работи за уредување на 500 метри плажа во населбата Стење и 100 метри плажа во населбата Сливница на Преспанско Езеро. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, истакна дека се очекува плажата во Стење да биде завршена до јуни за да биде готова за оваа туристичка сезона.
Уредувањето на плажата подразбира изградба на шанкови, дрвена платформа, игралишта за одбојка, фудбал и бадмингтон, туш-кабини, пешачка патека и други содржини кои ќе ја збогатат туристичката понуда на ова место. Инвестицијата е вредна 77 милиони денари. Исто така, во соработка со Општината, ќе биде саниран и патот што води до самата плажа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Одрон на плажата на омиленото летувалиште на туристите, има повредени (видео)
-
Докторите советуваат: Што смее, а што не трудница на плажа?