| четврток, 6 декември 2018 |

„Искра живот“ – изложба на Маја Аргакијева

maja_argakieva_foto

Како дел од регионалната акција за хуманизација на породувањето „Слобода на раѓањето“ вечерва, на 5. март, во 20.30 часот, во кафулето „Концепт 37“ ќе биде поставена изложба од фотографии на Маја Аргакијева и вистинити родилни приказни на наши жени со позитивно породилно искуство насловена како „Искра живот“.

Правото на родилката е, во суштина, право на убаво и достоинствено раѓање. Раѓање без притисоци, чукање на часовникот, без непотребни интервенции и брзања. Раѓање кое тече со свој ритам, со ритамот на мајката и на бебето, кое ја претставува убавината на создавање на новиот живот. Чин со кој новото човечко суштество пристигнува на овој свет. Чин со кој искрата живот се отелотворува.

„Слобода на раѓањето“ сака да говори и за оваа страна на раѓањето – за убавата, за важната, за силната страна. Затоа што тоа е целта кон која, преку сите болници и лекари и закони, сите ние се стремиме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top