Тмурното небо над Сплит вчера го најави доаѓањето на циклонот Реа кој беснее од Словенија до Црна Гора. Облаците кои ги улови „Крометео“, се од типот ундулатус асператус, поточно груби бранови.
Циклонот Реа надвисна над Хрватска, во Славонија се предвидуваат комбинирани врнежи на дожд и од снег, а во Лика и Горски Котор од снег.
Во Сплит дува бура со орканска сила, а таа најголем интензитет има на Велебит и во Далмација.
Во Макарска брзината на ветерот достигна 130 километри на час, а во Подстрана интервентните екипи мораа да отстранат урнат електричен столб.
Во Босна и Херцеговина европскиот Метеоаларм денеска објави црвено предупредување за источна Херцегоина и жолто за остатокот од земјата.
Прогнозите најавуваат најобилни врнежни од снег токму во источна Херцеговина.
Сообраќајот поради снегот на повеќето патни правци во БиХ веќе се одвива отежнато и успорено, а на патниот правец Сараево – Коњиќ на планинскиот превој Иван целосно е стопиран сообраќајот за товарни моторни возила.
Снег има и во Црна Гора, а од изутринава поради врнежите стопиран е сообраќајот за одредени категории возила на патот Подгорица – Бијело Поле.
Во Словенија надлежните служби предупредуваат за исклучително силен ветер и бура во приморските региони и во сила е жолто предупредување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.