Израелската манекенка Бар Рафаели се најде среде скандал откако израелската армија ја искритикува дека избгнува да го отслужи задолжителниот воен рок за жени кој изнесува две години.
Манекенката неодамна снимила реклама за министерството за надворешни работи за подобрување на имиџот на земјата, по што го привлекла вниманието на израелските оружени сили кои јавно ја искритикуваа.

– Изборот на личност за кампањата за промоција на земјата која не отслужила воен рок пренесува порака дека им простуваме и забораваме на избегнувањето на служењето, пишува во реакцијата. Во Израел воениот рок е задолжителен и трае 3 години за мажи и 2 години за жени. Рафаели успеала да го избегне законот мажејќи се за семеен пријател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


