| четврток, 6 декември 2018 |

Од средината на јануари од грип починале околу 8.000 лица во Франција

грип

Грипот е главната причина за зголемената смртност во Франција од средината на јануари оваа година, соопштуваат здравствените власти.

Според статистичките податоци, забележани се 19 отсто повеќе смртни случаи, односно починале повеќе од 8.500 лица во споредба со претходните години за истиот период, јавува дописникот на МИА од Париз.

Според информациите дадени од Институтот за здравствена грижа (ИнВС), првите процени зборуваат дека годинашниот вирус на грипот се покажал особено опасен, посебно кај лицата над 65 години.

Вообичаено во зимскиот период смртноста е поголема, но таа се ограничува на неколу илјади лица. Сепак, институтот не е категоричен во своите процени бидејќи со точност не е утврдено дека зголемената смртност се должи на грипот, но тој се посочува како најверојатната причина.

Епидемијата на грип сѐ уште не е завршена, а годинашнава вакцина се покажа неефикасна со оглед на тоа дека типот на вирусот не е тој врз чија основа била изработена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top