Какви легенди на едно место!
Тројцата големи фудбалски легенди, Паоло Малдини, Андриј Шевченко и Кристијан Бобо Виери, се сретнаа во Њујорк и ја искористија можноста да се фотографираат и да ги споделат сликите на друштвените мрежи.
Виери, кој веќе две години живее во Мајами, ја искористи шансата да се сретне со старите пријатели Малдини и Шевченко кои допатуваа во Њујорк. Овие тројца фудбалери настапуваа заедно во Милан во сезоната 2005/06 кога жареа и палеа на терените низ Европа.
Големи поздрави добија од многу фудбалски имиња од светот, а секако еден од најтересните беше тој на Рикардо Кака, кој оваа сезона ќе настапува за Орландо во американската професионална фудбалска лига.
– Леле мајко, каква мафија. Поздрав до сите!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Жена со нож нападна деца во градинка во Њујорк
-
Владимир Десков, Ана Ивановска Дескова и Јован Ивановски куратори од Македонија за изложбата „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“ во Њујорк
-
Испратил електорнска порака и потоа се самозапали во Њујорк
-
За една недела нова рунда разговори за името во Њујорк






