Виена повторно е прогласена за град во кој се живее најдобро, а Багдад е прогласен за најлош град за живеење, се наведува во анализата на консултантската фирма „Мерсер“ (Mercer).
Цирих, Минхен, Диселдорф и Франкфурт и годинава се во првите десет градови во кои добро се живее.
Виена, во која живеат 1,7 милион луѓе, шеста година по ред е на прво место. Главниот град на Австрија може да се пофали со богат културен живот, сеопфатно здравствено осигурување и умерени цени на домовите. Градскиот транспорт чини едно евро дневно ако се извади годишен билет.
Во првите десет градови во кои добро се живее се наоѓаат седум европски градови и по еден од Нов Зеланд, од Австралија и од Канада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.