На инфективната клиника „КЦС“ од грип починала трудница (33) од околината на Белград, пишуваат медиумите во Србија.
– И покрај сите напори на лекарите, за жал, од грип почина трудница во петтиот месец од бременоста. На клиниката пристина седмиот ден од болеста и веднаш беше приклучена на респиратор. Лабораториски беше докажано присустувото на вирусот Х1Н1 – изјави доктор Миомир Пелемиш.
Ова е втор смртен случај од грип оваа сезона во Србија, откако пред една недела починал жител од Ужице (34).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



