Расел Вестбрук ноќеска личеше на суперхерој од американските филмови со маска на лицето поради заштита, а и одигра на ниво на Супермен и со нов трипл-дабл им се приклучи на легенди од калибарот на Мајкл Џордан и Лери Бирд.
Бекот на Оклахома постигна 49 поени и забележа 16 поени, гарнирани со 10 асистенции. За Вестбрук тоа е четврти трипл-дабл едноподруго, со што стана првиот кошаркар по Џордан во 1989 година со таква импресивна низа. Со 49 поени Расел си ја подобри и личната колекција на рекорди со најмногу постигнати поени, откако е во НБА лигата. И со 49 поени се израмни со Лери Бирд, како најдобар учинок во поени на било кој кошаркар, кога имал трипл-дабл.
Оклахома што е најважно за Вестбрук ја победи Филаделфија со 123-118 по продолженија, а гостите анулираа и двоцифрена негатива за во возбудлив финиш и дополнително време да стасаат до триумф.
Резултати: Оклахома – Филаделфија 123-118, Индијана – Њујорк 105-82, Орландо – Феникс 100-105, Бостон – Јута 85-84, Бруклин – Шарлот 91-115, Торонто – Кливленд 112-120, Хјустон – Мемфис 100-102, Минесота – Денвер 85-100, Њу Орлеанс – Детроит 88-85, Мајами – ЛА Лејкерс 100-94, Сан Антонио – Сакраменто 112-85, Голден стејт – Милвоки 102-93, ЛА Клиперс – Портланд 93-98.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



