| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Го реализиравме она што го ветивме за Кисела Вода

Она што било ветено во последните четири години во општина Кисела Вода е реализирано и ќе се потрудиме така и да остане, рече премиерот на Република Македонија и претседател на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг во скопската населба Кисела Вода.

nikola-gruevski

– Овде во општина Кисела Вода е добро познато, дека секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт се градело, се инвестирало, се создавало. И не случано Кисела Вода е општина каде што ВМРО-ДПМНЕ има огромна подршка од гласачкото тело, тоа не е ниту случајно, тоа е така бидејќи си има своја причина. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ секогаш се грижи за луѓето во Кисела Вода – изјави  Груевски.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ дава се од себе, инвестира, создава, гради, прави дела, конкретни дела.

– Со чист образ и крената глава, не се срамиме по четри години да дојдеме тука во Кисела Вода и да кажеме дека она што го ветивме, го реализиравме, а ќе се потрудиме да реализираме нешто повеќе од тоа ако ни дадат можностите во наредните четири години – додаде Груевски на митингот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top