Британската манекенка и актерка Кели Брук ќе глуми во серијата „One Big Happy“, а веќе во првата епизода оваа бујна манекенка ќе се појави во целост гола.
Во едно неодамнешно интервју, Кели призна дека е горда на своите женски атрибути и дека е свесна оти големите гради и донеле многу улоги.
– Знам дека поединци се шегуваат со девојките кои имаат големи гради, но јас знам што правам. Свесна сум дека ми се многу големи и горда сум на своето тело – изјави Кели.
Брук, која е најпозната по рекламните кампањи за долна облека, во серијата „One Big Happy“ ќе глуми секси девојка која се најде во необичен љубовен триаголник.
Комичарката Елен Деџенерис ја продуцирала серијата која ќе почне да се емитува на 17 март на каналот NBC.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.