Во едно неодамнешно интервју поранешната домашна помошничка на Ким Кардашиан проговори за лошите и грди навики на славната старлета.Иако признава дека Ким има златно срце, не била баш олицетворение на уредноста.
Според зборовите на жената која се грижела, се да биде на свое место, Ким е многу неуредна личност. Таа открила дека бањата и спалната соба на Ким повеќе биле валкани отколку чисти, без оглед на тоа колку таа чистела.
– Штом ќе влезе Ким во просторија, се создава целосен хаос, како да поминало торнадо. Користевме само свилена, бела постелнина и по тоа прашање е многу строга. Моравме да ја менуваме секој ден -вели таа.
– Секое утро перниците беа извалкани со шминка, а по целиот кревет имаше маскара и пудра – изјави домашната помошничка и додала дека старлетата барала секоја вечер да и` се менува чиста постелнина, пишува Yahoo.
-Чудно е тоа што Ким нема акни по целото лице, со оглед на тоа што секоја вечер си легнува во кревет со силна шминка – додава помошничката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.