| четврток, 6 декември 2018 |

Десетици сириски војници и бунтовници убиени во напад во Алепо

алепо

Десетици сириски војници и бунтовници загинаа денеска при напад врз седиште на сириското разузнавање во градот Алепо.

Сирискиот центар за мониторинг на човековите права соопшти дека нападот го извршиле бунтовниците.

Тие активирале експлозив во тунел, кој бил ископан во близина на зградата на разузнавањето на воено воздухопловните сили во Алепо, а потоа го нападнале и самиот објект.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top