| четврток, 6 декември 2018 |

Нуланд: Илјадници руски војници се во источна Украина

ну

Илјадници  руски војници и воена техника се во источна Украина во поддршка на проруските сепаратисти кои се борат против украинската армија. Тоа го потенцира заменикот државен секретар на САД, Викторија Нуланд пред конгресна комисија.

– Би рекла дека тие се илјадници – наведе таа на прашање колку руски војници има во источна Украина.

Нуланд додаде дека тим на американската Влада за примена на санкции оваа недела се наоѓа во Европа за да разговара со властите во европски држави за можно засилување на економските санкции против Русија во случај договорот за прекин на огнот на исток во Украина да продолжи да не се почитува.

Нуланд вели дека остри борби околу Доњецк и на патот за Мариупољ претставуваат нова причина за загриженост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top