Дуранорд и Џејни Вилијард се во брак 82 години. В сабота Дуранорд ќе го прослави 108. роденден, а неговата сопруга во мај слави 105 години.
Дуранорд е роден 1907 година во јужен Хаити, растел во Порт-о-Пино, студирал право и таму се оженил со Џејни во 1932 година кога Фрнклин Рузвелт бил избран за претседтел.
Имаат пет деца. Во 1968 година се преселиле во САД.
Денес тој е скоро слеп, ослабнат му е слухот, но тоа не му пречи да кажува гласно шеги и да дели парчиња торта со репортерите. Тој и неговата сопруга не ја напуштаат куќата, освен ако треба да одат во посета на лекар.
– Тој се сеќава на се. Видете го, тој е како суперѕвезда – вели неговиот син Вилард кој има 62 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.