На трофејниот тренер Фил Џексон лошо му оди во новата позиција во НБА лигата, а неговиот Њујорк никс бележи рекордни порази во најсилната лига на светот. Џексон е директор за спортски операции во клубот од Големото јаболко, а многу интересен момент се случува и со неговите поранешни ученици и соработници од времето кога беше тренер.
Педантните аналитичари направија стебло, а не него се прикажани сите помошници на Џексон, како минуваат катастрофално како самостојни тренери. Последна жртва е Брајан Шо, кој вчера доби отказ во Денвер. Пред него апсолутно неуспешен од во тренерските води имаа и Џим Клемонс, Бил Картрајт, Курт Рембис и Франк Хемблен. Сите заедно имаат учинок од 204 победи и дури 442 порази. Сосема спротивно од ефектот на легендарниот Зен Мастер како што го нарекуваа Фил Џексон во златната тренерска ера во Чикаго и Лос Анџелес лејкерс. Со двата тима освои вкупно 11 НБА титули со феноменален биланс од 1.155 победи и 485 порази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.