Дваипол часовно музичко искуство со нови акустични верзии на песните на „Рибја чорба“. За првпат Бора Ѓоргевиќ во вакво издание во Скопје со акустичен концерт на 14 март во Универзална Сала како дел од турнејата „Чорба се слуша и без струја“,
На денешната прес-конференција, Чорба заедно со организаторите, Силви и Влатко Плевнеш и нивната продукција „Сил-Вла“, ги соопштија деталите за овој, како што велат, досега невиден перформанс.
– Kога првпат ми предложија ваков вид на концерт, помислив дека е глупост и измислица, но кога видов за што се работи и како звучат песните, сосема го променив мислењето. Песните, дури и оние пожестоките, добиваат нова димензија и убавина, атмосферата е магична и се звучи неверојатно. Кога и да дојдам во Скопје сум срдечно пречекан, а знам дека македонската публика и овој акустичен звук одлично ќе го прифати – вели Бора.
На сцената Чорба ќе биде придружуван 15 музичари, од кои најголемиот број гудачи, а како што вети и самиот ќе засвири на гитара, усна хармоника…
Билетите ќе бидат пуштени во продажба на касата на Унивезална сала, Розе Веро 2, Југотон и Камарад -Рамстор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.