Министерството за финансии денескa, по основ на доспеани за враќање државни хартии од вредност, врати вкупна сума од 2,8 милијарди денари.
Вчера Министерството на аукција продаде државни записи во вредност од 1,28 милијарди денари.
Со ова Министерството за финансии ја намалува задолженоста по основ на државни записи за 25 милиони евра и пушти 25 милиони евра свежи средства во стопанството за подобрување на ликвидноста, пари кои банките ќе можат да ги пласираат како кредити на фирмите.
-Министерството за финансии континуирано се држи до политиката на подобрување на ликвидноста на стопанството, во насока на негова поддршка и негување на партнерскиот однос со бизнис заедницата, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.