Македонскиот пејач Владо Јаневски ќе се обиде да ја наполни салата „Борис Трајковски“ на 3 април, кога по цели осум години ќе одржи голем концерт во Скопје.
Како што најавува „Горила“ продукција, на концертот ќе го придружуваат најдобрите македонски музичари и тоа ќе биде прилика за сите обожаватели по долго време заедно со Владо да ги отпеат многубројните хит рефрени.
Ценејќи го придонесот на Владо Јаневски во афирмацијата на македонската музика, овој проект е поддржан и од Министерство за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.