Веќе нашироко во италијанските медиуми се пишува дека Лукас Подолски е најголемото разочарување во првиот месец по зимскиот преоден рок. Со трансферот на Германецот од Арсенал во Интер сите очекуваа дека токму Подолски ќе биде откровение на пролетниот дел од сезоната, но тој не само што не успеа да се врати во старата форма туку игра се полошо и полошо.
Реномираниот спортски весник Газета дело Спорт спроведе анкета во која се имињата на неколку фудбалери кои не ги задоволија вкусовите на навивачите и на управите на клубовите секако.
Според резултатите од анкетата Подолски е сепак на второто место со 35,4 проценти, а на врвот не играчот на Милан Алесио Черчи кој дојде на Сан Сиро како појзамен играч од Атлетико Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




