Во рамки на петтиот циклус од проектот Домашна визита, што Министерството за здравство го спроведуваше во изминатите речиси четири месеци, посетени се вкупно 19.555 лица низ целата држава. Само тимовите од патронажната служба во рамки на Здравствен дом Скопје, во текот на петтиот циклус Домашна визита посетиле вкупно 5.119 лица, соопшти Министерството за здравство. Петтиот циклус на проектот опфати категорија на повозрасни лица, и тоа мажи над 75 години и жени над 80-годишна возраст.
Со проектот, како што се наведува, се овозможуваат превентивни прегледи за лица на кои посетата на најблиските амбуланти им е отежната поради природата на болеста, така што патронажните тимови од здравствените домови низ државата, ги посетуваат тие лица во нивните домови, по претходна телефонска најава.
Во текот на посетата, медицинските тимови вршат мерење на нивото на крвен притисок, нивото на гликемија, холестерол, а воедно споделуваат совети за здрава исхрана и здрави стилови на живот, практикување физичка активност, како и редовни здравствени контроли
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјалистите ќе чекаат уште една година за ветената плата од 100.000 денари
-
Што се имаат извадено докторите од дишните патишта на децата?
-
Лекарите не се вреднуваат според заслугата, туку по партиска линија или ако се во род со професори – му се пожали специјализантка на Заев
-
Лекарите го исклучија од апарати спротивно на желбата на родителите, но детето е уште живо



