Атланта хоукс е најдобрата екипа во НБА лигата со најмногу победи, 48 и најмалку порази, 12, заедно со Голден стејт вориорс, а ноќеска јастребите си поиграа со нервите на своите навивачи, но и со ривалот Хјустон рокетс. На домашен терен Хоукс губеа со 18 поени разлика во првото полувреме, но сето тоа го преточија во нов триумф, од 104-96.
Блескаше Џеф Тиг со 25 поени, како најефикасен кошаркар на мечот, а Перо Антиќ за неполни 13 минути постигна една тројка од три обиди и оствари два скока.
Смената на тренерот Брајан Шо, непосредно пред дуелот со Милвоки ги раздрма кошаркарите на Денвер нагетс, кои победија со 106-95. Убедливи беа и Кливленд против Бостон со триумф од 110-79 во славеничка атмосфера поради пробивот на Леброн Џејмс на 21, место на вечната листа по бројот на поени и Сакраменто со победа од 124-86.
Резултати: Мемфис – Јута 82-93, Шарлот – Л.А лејкерс 104-103, Кливленд – Бостон 110-79, Њујорк – Сакраменто 86-104, Атланта – Хјустон 104-96, Чикаго – Вашингтон 97-92, Денвер – Милвоки 106-95.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



