Од петстотини до илјада денари поскапеле цените за верските обреди, како крштевка, венчавка и погреб, што ги извршуваат свештениците на Македонската православна црква-ОА. Оваа одлука владиците ја донеле во почетокот на минатиот месец, а во некои епархии таа веќе почнала да се спроведува. Покачувањето, како што велат од МПЦ, било од економски причини, пишува „Нова Македонија“
Во помалите градови, пак, и натаму ќе останат да важат старите цени, поради лошата финансиска состојба на голем дел од жителите. Верниците сепак нагласуваат дека се високи цените за верските обреди.
Сметаат дека економските стандарди не им дозволуваат да дадат од 50 до 100 евра за крштевка или за венчавка.Свештениците, пак, велат дека обредите како крштевка и венчавка се прават само еднаш во животот.
Наплаќањето за свештенодејства е грев и канонски прекршок, се вика симонија.
Но тоа што му го даваат верниците на свештеникот е доброволна награда. Тоа значи дека свештеникот е должен да ја изврши тајната и во случај верникот да нема ниту денар да плати.
Нови цени за верски обреди во скопска епархија
– крштевка 4.000 денари
– венчавка со еден свештеник 6.000 денари
– венчавка со тројца свештеници 7.000 денари
– погреб 3.000 денари
Повеќе на „Нова Македонија“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


