Поранешниот директор на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), генералот Дејвид Петреус призна дека оддавал државни тајни, соопшти денеска Министерството за правда на САД.
Во соопштението се посочува дека Петреус пред Окружниот суд во градот Шарлот во американската сојузна држава Северна Каролина, признал оти е виновен за неовластано прикривање и задржување на тајни податоци.
Според истрагата на Министерството за правда, Петреус на својата љубовница Паола Бродвел и дал пристап до неговата електронска пошта во ЦИА и други доверливи документи.
Адвокатите на Петреус, Дејвид Кендал и Роберт Барнет одбија да ја коменираат одлуката на нивниот клиент за признавање на вината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


