Кошаркарите на Кожув го претрпеа вториот пораз во регионалната Балканска лига (БИБЛ). На средбата одиграна попладнево во Никшиќ, екипата на Кожув загуби од Сутјеска со 74:66 во натпревар од последното коло во „Д„ групата.
И покрај поразот, гевгелиската екипа го освои првото место во својата група, а со тоа и директно обезбеди пласман во полуфиналето односно „Фајнал-фор’’ турнирот. Во вториот натпревар од оваа група Сигал го победи Рилски спортист со 94:71.
Покрај Сигал и екипата на Сутјеска ќе игра во четвртфиналната рунда. Овие две екипи се потенцијални противници на вториот македонски претставник во БИБЛ лигата, тимот на Куманово.
Утре ќе се одигра последниот натпревар во групната фаза во кој Морнар ќе биде домаќин на Пеќ. Овој меч со внимание ќе го следат кошаркарите на Куманово кои „ќе навиваат„ за црногорската екипа. Имено, доколку Морнар забележи победа, тогаш Куманово ќе заврши како прво пласиран во „Ц„ групата и директно ќе обезбеди пласман на „Фајнал-форот’’. Во спротивно, победа на Пеќ ќе го однесе косовскиот тим на завршниот турнир, додека кумановци ќе играат во плејофот, односно четвртфиналето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.