| четврток, 6 декември 2018 |

Сигурна пловидба на Морнар во Гевгелија

Кошаркарите на Морнар од Бар го победија нашиот претставник Кожув со 79-63 на стартот од новата сезона во Балканската кошаркарска лига.

Гевгеличани ја загубија првата четвртина со 17-27, а единствено во втората одиграа на задоволително ниво, ја добија со 22-15 и на одмор заминаа со три поени негатива, 39-42. Сепак, Морнар во продолжението беше подобар тим, и на крајот ја прокнижи првата победа.

Во редовите на Кожув поентерски се истакнаа само двајца кошаркари, Американецот Брендон Пен со 20 поени и Ратко Варда, кој уфрли еден поен помалку. Балша Радуновиќ со 20 поени беше најефикасен во составот на Морнар.

kozuv-1-

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top