Се проценува дека околу 40 проценти од светската популација е нетолерантна на глутен. Доколку имате некои од следните симптоми, најверојатно сте дел од таа група.
Дигестивни нарушувања, како гасови, надуеност, дијареа, па дури и опстипација (најизразено е кај деца по консумирањето на глутен)
1. Дигестивни проблеми, како на пример, гасови, надуеност, дијареја или тврда столица. Тврдата столица особено се јавува кај деца веднаш по внесувањето на глутен.
2. „Keratosis Pilaris“ или подобро познато како „пилешка кожа“ на задниот дел од вашите раце. Ова настанува како резултат на недостаток од маснотии и витаминот А што пак е резултат на лошата обработка на нутритиентите во вашите црева кои биле оштетени од глутенот.
3. Замор, замаглено размислување или чувство на умор по јадење храна која содржи глутен.
4. Дијагноза на автоимуна болест како проблеми со тироидната жлезда, ревматоиден артритис, улцерозен колитис, системски лупус еритематозус, псоријаза, склеродерма или мултиплекс склероза.
5. Невролошки симптоми, како на пример, вртоглавица или чувство дека немате рамнотежа.
6. Хормонален дисбаланс, како на пример, ПМС, полицистични јајници или необјаснива неплодност.
7. Мигрени.
8. Дијагноза на хроничен замор или фибромијалгија. Овие дијагнози укажуваат на фактот дека вашиот доктор не можел точно да ја определи причината на вашиот замор или болка.
9. Воспаление, отекување или болка во зглобовите кај прстите, колената или колковите.
10. Психолошки нарушувања, како на пример, анксиозност, депресија, промена на расположението или проблеми во одржување на вниманието и хиперактивност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.