Седум лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила утрово во осум часот на локалниот пат Жеровјане-Радиовце, во близина на мостот за Радиовце, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци, во несреќата учествувале две патнички возила, „фолсфаген голф“ со прилепски регистарски таблички, управуван од Д.П. (26) од Сенокос-Долнени и „мерцедес“ со тетовски таблички што го управувал Ш.С.(34) од Голема Речица.
– Во несреќата, сопатник од „голфот“ се здобил тешки телесни повреди, со телесни повреди завршиле двајцата возачи, како и три сопатнички од „Голфот“ и еден сопатник од „мерцедесот“. Со други возила повредените биле пренесени во тетовската клиничка болница и по укажана лекарска помош четири лица се задржани на болничко лекување, а три се пуштени дома. Извршен е увид и се утврдуваат причините за несреќата и другите поединости – изјави Јосифовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил