| четврток, 6 декември 2018 |

Погребан Борис Немцов

pogreb_nemcov

Посмртните останки на рускиот опозициски лидер Борис Немцов денеска беа погребани со проштална церемонија која започна пред музејот посветен на човековите права и на советскиот дисидент Андреј Сахаровна. На церемонијата присуствуваа илјадници луѓе и голем број јавни личности.

Немцов, кој беше гласен критичар на претседателот Владимир Путин, беше убиен на 27 февруари во близина на Кремљ во Москва.

Руските власти доцна синоќа забранија влез во земјата на високите претставници од Полска и од Летонија, кои имаа намера да присуствуваат на денешната погребна церемонија во чест на Немцов.

Забрана за присуство на погребот на Немцов има и рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој во моментов е во 15-дневен притвор. Неговото барање за привремен излез, како што вели, е децидно одбиено.

Украинскиот претседател Петро Порошенко постхумно му додели Орден на слободата на Немцов, истакнувајќи дека тој секогаш ќе остане личност за која слободата била универзална вредност.

Главниот сведок на убиството, украинската манекенка Ана Дурицкаја, ја напушти Москва еден ден пред погребот. Таа тврди дека не го видела убиецот, туку само неговиот автомобил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top