Кандидатот за градоначалник на град Скопје од опозициската коалиција „Сојуз за иднината“, Јани Макрадули, најави изградба на ботаничка градина на покривот на Градскиот трговски центар за да се зголемат зелените површини во Скопје.

Макрадули наведе неколку паркови и зелени површини за кои, како што вели, од банални причини се уништени за време на мандатот на ДПМНЕ, како паркот спроти „Бристол“, паркот пред Домот на АРМ и останати паркови.
– Новата градска власт ќе овозможи поврзување на зеленилото од парк-шумата Водно со градското зеленило и создавање т.н. „зелени коридори“. Со 500.000 квадратни метри нови зелени површни Скопје повторно ќе дише чист воздух – изјави Макрадули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


