На локацијата на поранешната фабрика за сапуни „Цветан Димов“ во Скопје ќе никне елитен објект како познатата зграда „Флатирон“ во Њујорк изградена во 1902 година.
На парцелата од 4.400 квадатни метри ќе се изгради објект од 16 ката кој ќе содржи деловен простор и 14 нивоа за станови.
Државното земјиштето пред еден месец го купи градежната компанија „Адора инженеринг“ на лицитација за 2,2 милиона евра, а почетната цена беше 308 илјади евра.
Ванчо Чифлиганец, сопственикот на компанијата, вели дека изградбата ќе почне во 2016 година, треба да заврши за 18 месеци, а вкупната инвестиција е 40 милиони евра.
– Ќе изградиме елитен објект на почетокот на општина Кисела Вода, кој ќе личи на зградата од Њујорк, која е изградена во 1902 година само што ќе бие сеизмички постабилна и енергетски ефикасна – рече Чифлиганец посочувајќи дека засега не се знае како ќе се нарекува зградата, но можно е да биде Порта Кисела Вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.