Во Скопје денеска ќе почне темелна реконструкција на објектот во кој е сместен Албанскиот театар.
На свеченоста по повод почетокот на проектот ќе се обратат вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Министерството за култура минатиот месец најави дека во 2014 година треба да почне и изградба на Турскиот и на Струмичкиот театар, за кои се избрани изведувачите.
На 7 декември, пак, во Скопје беше отворен новиот објект на Македонскиот народен театар, а оваа година се очекува отворање и на новата зграда на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.