| четврток, 6 декември 2018 |

Северина на сослушување во полиција

Менаџерот на Северина Вучковиќ бара јавно извинување од Вељко и од Гордана Миљковиќ бидејќи нарачале следење на пејачката и на нејзиниот син Александар. По повод тој случај, Северина неодамна е сослушана во полиција, а нејзиниот менаџер сега бара да признаат во чие име го направиле тоа.

Откако во хрватскиот неделникот „Национал“ е објавено дека Јосип Клем, по налог на адвокатот Вељко Миљевиќ, со месеци ја следел Северина и нејзиниот малолетен син, реагирал и нејзиниот менаџер, Томислав Петровиќ, пишува српски „Блиц“.

– Адвокатите Вељко и Гордана Миљевиќ нарачале следење на Северина и на нејзиното, тогаш двегодишно дете, кои поради тоа претрпеле сериозни трауми. Такво нешто да направите на мајка и на мало дете, тоа едноставно за мене е несфатливо, посебно кога тоа го прави едно такво угледно, адвокатско друштво. Госпоѓо и господине Миљевиќ, треба да се засрамите. Со ова ве повикувам јавно да им се извините на Северина, на нејзиното дете и на нивните блиски поради страдањата, кои ги претрпеле поради вашите дела. Со ова ве повикувам на надлежнитеа државни институции да им признаете по чиј налог и со која цел  сте го правеле тоа. Државните институции ги замолувам овој случај да го испитаат до крај за мајката и детето веќе да не се грижат за својата сигурност – стои во соопштението на Томислав Петровиќ, долгогодишен менаџер на Северина.

Кон средината на минатата година, Северина пријавила в полицијата дека непознати мажи го следат и фотографираат нејзиниот син Александар. Северина завчера во загрепската полиција на сослушувањето наводно навела дека „непознатите мажи ги изнајмил нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ“. 

– Поранешниот често ми зборуваше дека грешам што немам телохранители и заштита и инсистираше на тоа да им ги обезбеди. Многу е возможно дека тој, поради нашиот комплициран однос ги ангажирал тие луѓе да го надгледуваат нашиот син – рекла Северина на сослушувањето.

Дека некој го следи и фотографира малиот Александар прва забележала негувателката на Александар, додека со него шетала на игралиштето. Подоцна таа им пренела на Северина и на нејзиниот менаџер Томица, кој успеал да ги сними сомнителните мажи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top